Мажи на штикли завиткани во змиска кожа, жени во пламен! Погледнете како изгледа ревијата инспирирана од пеколот
Колекцијата на брендот „Blonds“ блесна на пистата на модната недела во Њујорк и никого не остави рамнодушен.
Новата колекција на модниот бренд „Blonds“ инспирирана од пеколот и пламенот претстави интересни модели.
Провокативните и смели модели во кожа и светкави материјали се инспирирани од темата на огнот. На пистата се забележани тесни модели, корсети, шлицови, необични јаки, светкави и сјајни ткаенини, фустани кои потсетуваат на пламен…
Авторите објаснија дека колекцијата го симболизира огнот како олицетворение на обновување и реинвенција на вашиот идентитет.
Палетата на бои на ревијата беше главно црна и црвена, со сини и розови акценти.
Дизајнерите црпеа инспирација од латинската култура, оддавајќи им почит на нивните корени и на латинските поп диви на кои им се восхитуваат како Џеј Ло и Кристина Агилера.