Во Брисел се одржа состанок на кој присуствуваа државниот секретар на Министерството за транспорт на а Македонија, Стефан Волкановски, директорот на Европскиот парламент за железничка инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а го организираше Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во Директоратот за проширување и политика на источно соседство (DG ENEST).
Како што соопшти Министерството за транспорт, на состанокот, кој се одржа во позитивна и конструктивна атмосфера, како продолжение на последниот состанок одржан во октомври 2024 година, беа разменети мислења и беше потврдена заложбата и потребата за финализирање на делот од железничкиот коридор VIII.
„Двете страни разговараа за напредокот постигнат во последните месеци и се согласија за потребата од обновување на напорите за подготовка на студии и тендер за завршување на прекуграничните делови од коридорот, со посебен фокус на решението за тунелот.“
На состанокот на високо ниво беа договорени чекорите што треба да се преземат во наредните месеци, идентификувајќи ги приоритетите, вклучително и повторното отворање на тендерот за работи на железничката делница помеѓу Крива Паланка и влезот во прекуграничниот тунел до крајот на 2025 година од Македонија.
Тие разговараа и за активностите на бугарската страна и активностите што ги преземаат во железничкиот дел“, соопшти Министерството за транспорт.
Во врска со заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир, двете страни се согласија да формираат работни групи кои ќе го финализираат текстот на меѓувладиниот договор до крајот на јули, со цел дефинирање на специфичните обврски на двете страни за технички, финансиски, градежни и оперативни аспекти.