Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

Претседателот на крајнодесничарската партија Преродба, Костадин Костадинов повика на прекин на обврските од Договорот за добрососедство, доколку Северна Македонија не ги прифати Бугарите како државотворен елемент во нејзиниот Устав.

„Скопје има два пата: или ќе ги признае Бугарите како државотворен елемент и ќе ги вклучи во Уставот, или ќе остане надвор од преговарачкиот процес со ЕУ. Бугарија повеќе не треба да ги почитува обврските од договорот доколку Македонија не го стори тоа,” изјави Костадинов.

На вонредната седница на собраниската Комисија за надворешна политика утрово, сите партии во Бугарија едногласно ја поддржаа декларацијата предложена од Костадинов. Во документот се осудуваат антибугарските изјави на македонските функционери и се потенцира дека без вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, земјата никогаш нема да може да започне вистински процес на преговори со Европската унија.

Албанија почна преговори со ЕУ, а Македонија не.