На маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, односно Бујар Османи, Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ и Игли Хасани, потпишаа Декларација за спречување, искоренување, истрага и гонење на корупцијата во Југоисточна Европа.
„Одлучно ќе се бориме против корупцијата преку финансиски истраги, дигитализација и враќање на имотот стекнат со криминални активности.
Потпишувањето на оваа Декларација е резултат на силната посветеност на Македонија во борбата против корупцијата и беше одлучено да се потпише за време на „Регионалната конференција за борба против корупцијата, перењето пари и олеснување на напорите за враќање на имотот во Југоисточна Европа“ што ја организиравме тоа во рамките на нашето претседавање со ОБСЕ“, напиша Бујар Османи, претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи во Македонија.