– Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска со жрепка во главниот град на Филипини, Манила, ги дозна противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписките игри (ЛОИ) кои идната година ќе се одржат во Париз.
Македонските кошаркарите патот за дебитантски настап на ЛОИ ќе ги стартуваат против Естонија, Чешка и Израел во рамки на претквалификациската група А.
ФИБА одлучи претквалификацискиот турнир да се одржи од 12 до 20 август во естонската престолнина Талин.