Македонската фудбалска репрезентација ќе се собере во втората половина на март во Анталија, Турција, на еднонеделен тренинг камп во рамки на кој ќе одигра два пријателски натпревари.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски првиот натпревар во 2024 ќе го играат на 22. март против Молдавија, со почеток во17:30 часот, а три денови подоцна за противник ќе ја имаат селекцијата на Црна Гора.
По двата дуели во Анталија избраниците на Благоја Милевски своите репрезентативни обврски ќе ги продолжат во јуни со гостински натпревари против Хрватска во Риека и Чешка во Прага, пред стартот на Лигата на нации во септември.
Македонските фудбалери се во групата 4 во Ц – дивизијата во која за противници ќе ги имаат селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.