МАКРОН: Кипар можна база за хуманитарни операции за Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на ЕУ во Брисел изјави дека неколку европски земји сакаат да градат коалиции во врска со испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа. Тој посочи дека се водат разговори со Грција и Кипар, кои би можеле да бидат база за хуманитарни операции за Газа.

Советот на ЕУ претходно го прифати предлогот на Шпанија за околу шест месеци да се одржи мировна конференција во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави вршителот на должноста шпански премиер Педро Санчез.

Тој додаде дека на самитот на ЕУ, Шпанија извршила притисок Унијата да побара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, но дека одредени земји се противеле на тоа.

Според него, ЕУ го прифатила предлогот на Шпанија за одржување мировна конференција, која вклучува обновена заложба за решение со две држави, објави Ројтерс.