Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера, поточно на 09.11.2023 година во 18,30 часот, од страна на полициски службеник на Полициската станица Кисела Вода, приведена е 17-годишна малолетничка, бидејќи при претрес во нејзината училишна чанта, е пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР соопштија и дека во присуство на еден родител, адвокат и инспектор за малолетничка деликвенција со него во полициска станица извршиле информативен разговор.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветниот поднесок.