Манекенката позираше во ,,невидливи” бикини! Згодната русокоса направи вистински метеж на плажа: Ги шокира сите со нејзините атрибути

Натали Розер позираше на плажата во Сиднеј во бикини со боја на кожа и сите погледи веа вперени во неа.

Австралиската манекенка Натали Розер направи вистинска мешаница и ги збуни останатите капачи на плажата во Сиднеј, каде се појави во интересен костим за капење. Имено, 33-годишната Натали облекла бикини во боја на кожа, поради што многумина на прв поглед мислеле дека таа всушност е гола и нема ништо на себе.

Воедно, таа ја покажа својата беспрекорна линија и облини со кои се гордее, а сето тоа го направи додека снимаше едиторијал. Натали неодамна го привлече вниманието на јавноста откако се изјасни за првата година од нејзиниот неконвенционален брак со Харли Бонер, поранешен актер од „House and Away“.

Таа потврди минатиот септември дека повеќе не живеат заедно во нивниот дом во Њукасл и дека Харли (31) се преселила во Тајланд кратко по нивната венчавка во февруари минатата година за да научи сè за енергетското исцелување и медитација. Иако Натали призна дека не го разбира тој свет, таа сепак го поддржува Харли додека тој ги следи своите соништа.

– Тој е многу среќен. Ова е дефинитивно неконвенционална прва година од бракот. Тој ги исполнува своите соништа и кој сум јас да му застанам на патот да направи нешто што толку долго го посакува? – изјави таа.

Натали рече дека е подобро да се остави Харли да патува сам од првата година од бракот, отколку подоцна кога ќе имаат деца.