Некогаш занесната русокоса која позираше полугола сега се појавува во хиџаб.
Инфлуенсерката, блогерка и поранешна манекенка, некогаш прекрасната русокоса Британи Ренер, која на Инстаграм ја следат повеќе од четири милиони луѓе , повторно се најде на мета на жестоки критики.
Британи, која веќе „падна во немилост“ на своите следбеници бидејќи драстично го промени изгледот и која сега се фотографира исклучиво во хиџаб, изгуби голем број спонзори.
Со новата фотографија на која е „завесена“ од глава до пети, таа додала дека знаците што ги праќа вселената и помогнале да одлучи, а многумина заклучиле дека таа преминала во ислам врз основа на сликата и зборовите.
Сепак, на некои не им се допадна нејзината одлука.
„Соблечи го хиџабот, не си муслиманка…До вчера се сликаше, како се однесуваш сега“; „Сето тоа е само маркетинг“, беа дел од коментарите.
Инаку, Британи редовно се фотографираше во секси публикации, таа беше заштитно лице на брендот Fashion Nova.
А потоа од август целосно го промени стилот.
„Поминав низ многу внатрешни промени и како резултат на тоа, мојот надворешен свет целосно се распадна“, рече Ренере, додавајќи:
„Јас сум неверојатно несигурna во речиси секоја област. Немам поим каде ќе живеам или како ќе го издржувам мојот син. Но, Алах помести планини за мене и верувам дека ова нема да биде поинаку“.
Сепак, дека целосно не го променила расположението, покажа и нејзината објава во која истакна:
„Ќе морам да ставам ботокс под пазувите бидејќи многу се потам под оваа облека на жештина“.
Оваа нејзина објава предизвика уште повеќе негативни коментари:
„Не муслиманско девојче не ме лути“, коментира едно лице, додека друго додаде:
„Таа го исмева исламот“.
Британи има тригодишен син со НБА ѕвездата Пи Џеј Вашингтон. Двојката се разделила кога момчето имало само два и пол месеци, а иако првично имаше информации дека таткото на детето плаќал 200.000 долари месечно за издршка, Британи брзо го демантираше тоа.
„Од него добиваме само 2.500 долари алиментација, а тоа не ни е доволно“, неколкупати истакна таа.
Во меѓувреме, во подкаст, таа откри дека е многу разочарана од се’ што е целосно машко.
„Го дадов моето тело на мажи кои не го заслужија тоа, и знаете, тоа беше она што беше. Помислата на тоа сега буквално ме тера да попуштам. Мислам, сексот без некаква врска или љубов е само вежба во овој момент“.
Оваа 32-годишна Американка призна дека нејзините планови не се оствариле.
„Имав надеж за некои додворувачи дека ќе има сериозна врска, но тоа не се случи. Ги разбирам нивните пораки какви што се, со своите постапки ги докажаа чувствата кон мене. Не се борам повеќе против тоа. објасни таа.
“Мразам што дозволив да ме обесуваат мажите, а тоа дојде од недостаток на самопочит. Не ја разбирав мојата вредност со која сум родена. Не ја разбирав. Повторно, луѓето на сексот гледаат поинаку , но сексот е духовна заедница на крајот на денот, не ми е гајле како другите го доживуваат“, истакна таа пред извесно време.
А сега таа ги избриша сите објави кои претходно ги поставила.