Марија Захарова со тешки обвинувања до Запад: “Украина ја нападна руската Црноморска флота по барање на американските и британските разузнавачи и со помош на авиони на НАТО!“
Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија, денес изјави дека украинскиот напад врз руската Црноморска флота во Севастопол, Крим е извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби.
Според Марија Захарова, официјален Киев дејствувал во координација со овие служби.
„Нема сомнеж дека нападот бил планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО и извидувачки авиони“, тврди Марија Захарова.
Таа додаде дека нападот во петокот бил извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби и во тесна координација со нив.
BBC во петокот објави дека нападот бил извршен за време на состанокот на командантите на флотата во Севастопол, а украинската Армија тврди дека нападот резултирал со мртви и ранети.
Истиот ден Русија објави дека по нападот исчезнал еден морнар.
Украина тогаш објави дека во ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота на окупираниот Крим, загинал командантот на таа флота.