Марко дозна дека жена му е мртва! Поради трагедијата на хрватскиот фудбалер, во Солин е прогласен ден на жалост (фото)

Градот Солин го прогласи понеделник 9 октомври за ден на жалост поради смртта на 24-годишната Антонела Баковиќ, која загина во тешка сообраќајна несреќа кај Венеција. Нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден, а семејството го посетило во болницата Мирано, недалеку од Венеција.

Тие накратко собраа сили и дадоа изјава за новинарите на српскиот портал ,,24 часа”.

– Не знам што да ви кажам. Ни кажаа и дека неговата состојба е стабилна. Тој е свесен. Разговаравме со него. Се сеќава на несреќата – кусо рекоа расплаканите родители.

Како што додадоа, го посетиле и вчера, но дури денеска со тешко срце му кажале дека неговата сакана сопруга Антонела го загубила животот во страшна несреќа. Со него останале неколку часа, пишува ,,24 часа”.

Младиот фудбалер е сместен на одделот за интензивна нега каде за него се грижи цел тим лекари.

Градоначалникот на Солина: Нè напуштија два ангели

Далибор Нинчевиќ, претходно се огласи на Фејсбук, кој рече дека сообраќајната несреќа кај Венеција никого не оставила рамнодушен, но особено го погодила трагедијата што ги снашла млада сограѓанка и нејзиниот сопруг.

– За жал, заврши младиот живот на веселата Антонела и нејзиното неродено дете, а Марко, кој и самиот се бори за живот, останува во голема тага и загуба.На целото семејство, а особено на Марко, изразувам сочувство и поддршка за неговиот животен подвиг – рече Нинчевиќ, потврдувајќи дека донел одлука во понеделник, 9 октомври да биде Ден на жалост.

– Господ да ги земе крај себе двата ангела, а на Марко да му даде сила и благослов (долгогодишен фудбалер на ФК Солина и актуелен играч на ХФК Слога).

Со сочувство на сите нас во овие тешки моменти ја донесов одлуката за Ден на жалост за понеделник, 9 октомври – објави Нинчевиќ на Фејсбук.