Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари, над 300 илјади пензионери ќе имаат зголемување

Пензионерите во април ќе добијат повисоки пензии од 2.500 денари. Со законски измени кои веќе се доставени до Собранието се предлага ново зголемување на пензиите од 1 март 2025 година.

„Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидско осигурување како област е регулирано со Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја регулира методологијата за корекција на пензиите. Со членот 18 став (3) се укинува систематската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемени за фиксен износ од 2.500 денари од 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, се наведува во предлог-измените.

За 2025 година од државниот буџет за исплата на пензиите се издвоени 105,5 милијарди денари.

Зголемувањето на пензиите ќе важи само за пензионерите кои живеат во Македонија, стои во предлог-законот кој е во собраниска процедура.