Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 луѓе во масовно пукање кое се случи во куглана во бар во градот Луистон во американската сојузна држава Мејн. Станува збор за најсмртоносно масовно пукање во САД оваа година.
Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објавила две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека е во бегство. Побарана е помош од јавноста во идентификација на осомничениот на фотографиите, маж со брада и кошула по долги ракави. По убиецот моментално трагаат околу 350 полицајци.
Семејството зборувало за мотивот
Роберт Кард, осомничен за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и воен резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот била купена легално.
Семејството на Роберт Кард рекло дека неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата во барот, односно дека луѓето таму зборуваат за него. Го повикале да се предаде на властите. За нападот се огласил и американскиот претседател Џо Бајден, кој повикал на забрана на автоматско оружје.
Во домот на убиецот пронајдена порака.
Вчера во претресот на домот на Роберт Кард е пронајдена порака, објави „NBC“.
Инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката за потенцијално да им помогне во истрагата. Не откриени повеќе детали, пренесува „Index“.