Материјалните докази ги потврдуваат исказите на осомничените: Обвинителството најави истрага за убиството на Вања, но мотивот е сомнеж!
Гаврил Бубевски, од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска изјави дека во моментов се вештачат материјалните докази во врска со истрагата за убиството на Вања Ѓорѓевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кое ја шокираше јавноста!
„Во однос на дејствијата, истрагата е на нивото што ви го кажав минатиот пат, а материјалните докази се испитуваат нормално. Можам само да ви кажам дека физичките докази го зборуваат истиот јазик како и осомничениот. Тоа е тоа“, рече Бубевски.
Тој не сакаше да даде конкретен одговор дали мотивот останува ист – личен интерес.
На новинарско прашање дали автомобилот е снимен на „Безбеден град“ или на некои други камери, Бубевски истакна дека материјалните докази се прибавени.
,,Се анализираат, се прави целосна ретроспектива на сè што се случи и сето тоа, ќе повторам, ќе биде предмет на опис на обвинителниот акт“, рече Бубевски.
Малолетнaта Вања и Панче од Велес, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, на 3 декември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје.
За нивното убиство и помагање во бегството во моментов се осомничени шест лица, од кои петмина се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски чека екстрадиција од Турција.