,,Матна работа” – Партизан му должи 900.000 ЕВРА на 20 годишно момче: Момци, ова е луд договор!

Неверојатни работи се случуваат во Партизан оваа сезона.

По најслабата сезона во 21 век, која заврши со четвртото место во Суперлигата, информацијата за Немања Јовиќ целосно ги шокираше навивачите на Партизан.

Младиот фудбалер побара раскин на договорот на штета на клубот, заедно со барањето да ги подмири неподмирените побарувања.

А, тие се речиси во милиони, поточно, во документот доставен до властите на Фудбалскиот сојуз на Србија се посочува дека 20-годишниот играч бара пари во износ од нешто повеќе од 900.000 евра, објави Моцарт спорт.

Како црно-белите успејаа да направат толкав долг за две и пол години колку што Јовиќ беше во првиот тим останува големо прашање и како е можно 20-годишно момче да има толкава плата?

Во секој случај, ова очигледно не е чиста работа и се чини дека надлежните органи треба да го разгледаат ова. Кој се дрзна да потпише годишна плата од којзнае колку стотици илјади евра на фудбалер кој тогаш имал 17-18 години?!

На чија сметка се слева таа сума на пари… „Децата“ не земаат толкава плата ниту во најголемите клубови на планетава!

,,Очекуваме одговор. Сакаме да ја слушнеме вистината: какви договори се овие?!”, прашува Моцарт спорт.