Матурантот кој се облече како баба објасни зошто го направил тоа: Еве како му дошла идејата за овој необичен стајлинг (видео)

Матеј Шушљик со својата дипломска облека предизвика огромно внимание и во Бјелина и на целиот Балкан.

Изгледа сите на социјалните мрежи споделуваат видео од матурант кој се дотерал како баба и ја изненадил публиката. Ова младо, харизматичо момче откри како дошол до оваа пред сè иновативна идеја, но и дека му било забрането да учествува на ревијата токму поради неговиот стајлинг.

Дипломирањето на Земјоделско-медицинското училиште во Бјелина годинава доживеа вистински бум благодарение на младиот Матеј кој со своите пријатели ги насмеа сите со креативен потег. Сепак, ретко кој знае дека и ова момче правеше матура минатата година, по три години школување и тоа со баба му Анѓелка.

„ Минатата година кога завршив тригодишна гимназија, придружничка ми беше баба ми Анѓелка. Инаку, тоа е баба ми која живее во семејната куќа со нас, со која пораснав и за која сум приврзана, “започна Матеј со приказната за српскиот портал Телеграф. Како што откри, оваа година тој и неговите пријатели дошле на идеја тој да биде баба на дипломирањето.

„Оваа година, јас и моите пријатели дојдовме до идеја да бидам нивна баба на матурата. И’ кажав на баба ми за идејата, таа ме поддржа, ми даде облека и, секако, присуствуваше на матурата“, изјави тој.

Еден од најубавите моменти на видеото што го воодушеви Балканит е обраќањето на Матеј до неговите пријатели, а како што забележува, сè се случило спонтано.

„Самиот говор не го планирав, но излезе спонтано кога новинарката ми зборуваше, а јас едноставно реагирав како секоја баба кога зборува со нејзините внуци“, вели Матеј.

Матурската забава беше одлична, но една работа, која не ја очекуваше, малку го расипа целиот настан.

„Убаво си поминавме на матурата, само ми е жал што ме спречија да учествувам на модната ревија, поточно режисерот и асистентот, кои мислеа дека е несериозно за овој настан“, откри момчето, додавајќи дека тоа не е негова вина што не му беше разбрана пораката.