Мајка (37) и ќерка (2) први жртви на трагедијата во Минхен! Авганистанец прегазил луѓе со автомобил: Пукал пред да улета во толпата – нови детали за масакрот
37-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка починаа од повредите здобиени откако авганистански државјанин влетал со автомобил во толпа луѓе во Минхен во четвртокот, соопшти денеска германската полиција, потврдувајќи дека тие се првите жртви на ужасниот напад.
Полицијата соопшти дека најмалку 39 лица биле повредени во четвртокот кога 24-годишник од Авганистан влетал со автомобил на протестен митинг организиран од синдикатот Верди.
Тој е уапсен на местото на настанот, а во петок треба да се појави на суд.
„За жал, денеска мораме да ја потврдиме смртта на двегодишно дете и 37-годишна мајка“, изјави за AFP портпаролот на полицијата Лудвиг Валдингер.
Инцидентот во кој автомобил влета во толпа во центарот на Минхен се случи десет дена пред Германците да излезат да гласаат на сојузните избори.
За потсетување, Фархад Н. (24) во четвртокот со својот автомобил влета во група демонстранти во Минхен, при што беа повредени најмалку 30 лица.
Нападот се случил околу 10:30 часот кога 24-годишен маж влетал со Mini Cooper во луѓе кои учествувале на протестот на синдикатот Верди . Имено, на собирот имало околу 1.000 луѓе, а напаѓачот го заобиколил полицискиот автомобил кој го обезбедувал собирот и се упатил кон луѓето. Полицијата потоа почнала да пука за да го спречи.