Мерц: Нападот врз Суми е сериозно воено злосторство

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека нападот на руските сили врз украинскиот град Суми, во кој загинаа повеќе од 30 луѓе, е „сериозно воено злосторство“ и дека е подготвен да испорача крстосувачки ракети Таурус во Киев за одбрана.

– Ова е јасно воено злосторство и сериозно. Имаше два брана напади, а вториот дојде додека работниците се обидуваа да им помогнат на ранетите. Тоа е врв на перфидност, изјави Мерц за германски АРД.

Мерц рече дека му ветил на Киев испорака на крстосувачки ракети Таурус, додавајќи дека европските партнери веќе прават нешто слично.