Меси ги уценува богатите Парижани: Постави ДВА НЕВЕРОЈАТНИ УСЛОВИ за да остане во клубот!

Договорот на славниот Аргентинец Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната и челниците на клубот прават се за да го убедат да ја продолжи соработката.

Француските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но сериозно размислува за продолжување на соработката со Парижаните.

Сепак, тој поставил два неверојатни услови за новиот потпис.

Наводно бара годишна плата од 40 милиони евра и загарантирано место во стартниот состав. Аргентинецот сака да биде сигурен дека ќе игра без разлика на неговата моментална форма и кој ќе биде тренер на тимот следната сезона.

Само под тие услови е подготвен да го земе пенкалото во рака и да стави потпис на нов договор.

Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи планира да игра на Копа Америка следната година за репрезентацијата на својата земја“, пренесуваат француските медиуми.

Договор се уште не е постигнат, но се очекува во периодот што следи да има преговори.