МЕСИ НАДВОР ОД ТЕРЕН, ПАНИКА ВО АМЕРИКА: Не играше за Аргентина, па и Тата го повлекол од тимот!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси нема да патува со тимот на Интер Мајами на следниот натпревар од МЛС.

Лионел Меси нема да патува со својот тим Интер Мајами на следниот натпревар во МЛС, а навивачите се загрижија за својот миленик. Неодамна, Аргентинецот го пропушти натпреварот на репрезентацијата против Боливија , кој заврши со резултат 3:0, а сега го нема ниту во протоколот на клубот од Флорида.

Сепак, се поизвесно е дека единствено е одлука на тренерот на Херардо, Тата Мартин, да го одмора својот најдобар играч за сите наредни искушенија што ги очекуваат, бидејќи имаат тешки натпревари во краток временски интервал. По гостувањето во Атланта, Интер во следните 15 дена ќе одигра пет натпревари по ред, од кои четири во МЛС лигата и еден во купот.

Лионел Меси е најодликуваниот фудбалер на сите времиња. И официјално го престигна поранешниот соиграч Дани Алвеш и сега има 44 трофеи. На тој начин постави уште еден рекорд и уште еднаш покажа зошто многумина го нарекуваат најдобар играч на сите времиња . Со Интер Мајами го освои Лига Купот, постигнувајќи 11 гола и 5 асистенции.