Пензионерите може да имаат зголемување на приходите до крајот на годината, но не и на пензиите. Вчера околу 97 илјади пензионери кои месечно добиваа по 12.500 денари, што е најниска пензија во државата, добија екстра 662 денари. Со нив новата пензија изнесува 13.162 денари. Зголемување од 5,3 отсто добија сите пензионери.
Според Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето, кое се планира за двапати годишно, приближно ќе го задоволи износот што пензионерите го бараат преку протести. Министерката Тренчевска најави дека работната група во текот на неделава ќе ја достави до Владата новата форма на помош за зимава.
Корисниците на најниските пензии во Македонија нема да имаат зголемување од 700 денари. Инаку и утринава сите филијали на банките и пред банкоматите имаше гужви. Во однос на 9-от пакет антикризни мерки, за кои ќе се одвојат 4,5 милијарди денари, вклучена е и категоријата пензионери за еднократна помош. Сѐ уште не се знае колку ќе добијат, но се очекува да има олеснувања за сметките за струја. Тренчевска нагласи дека ова не е линеарно зголемување на пензиите како што бараат за 3.500 денари.
Според Министерството за труд и социјална политика, зголемувањето од 5,3 отсто за септемвриските пензии е извршено согласно новата методологија, според која за година и пол пензионерите имаат раст од 24 отсто или за околу 3.200 денари.
Оттаму велат дека пензионерите се економска категорија и добиваат онолку колку што низ годините придонесувале во Фондот во однос на висината на платата. Околу 19% од населението кај нас се пензионери или корисници на пензија. Од 2017 година, кога дефицитот во Пензискиот фонд беше 47%, денеска власта се пофали дека е намален на 33%, но тоа значи дека 1/3 од парите сè уште во фондот сè уште недостасуваат. Во моментов, придонесите на четворица вработени покриваат една просечна пензија.