МИА: Долгите колони на Табаноц се поради ризикот од тероризам во Србија

Долгите чекања на граничниот премин „Табаноц“ за влез и излез од Македонија се поради најава за висок безбедносен ризик од тероризам во Република Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

„Воедно ве известуваме дека граничните полиции на двете земји се во постојана комуникација со цел да се овозможи брзо и непречено циркулација на патниците и возилата, како и соодветна контрола поради новонастанатата состојба“, велат од Министерството. се вели во соопштението на МВР на Македонија.

Според информации на АМСМ, утрово на Табаноц се чекало околу 30 минути за влез во земјава.