Мизрахи до Филипче: Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога Клиниката никогаш не ви доставила спецификација
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која е и прв човек на анкетната комисија за Онкологија, го праша поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, како спроведувал тендери кога бил министер за здравство кога не добивал спецификација од Клиниката за онкологија за тоа какви лекови треба, колкава количина.
„Како сте правеле тендери за набавка на лекови кога никогаш не ви доставила спецификација за лекови, количини за лекарствата“, го праша Мизрахи, поранешниот министер за здравство, Филипче, кој денеска беше на распит во анкетната комисија.
Мизрахи посочи дека ова е тема на која не смее да има какви било политизирања.
„Ниту се обидувам ниту би се обидела да политизирам ваква тема и ваква расправа во Собранието. Рековте дека немате забелешки на ревизорскиот извештај за Онкологија, кој вели дека немало стручен колегиум кој би ја има соодветна листа, а ревизорот достави листа до сите пратеници и доказ за тоа, еве ја листата, нема ништо. Како правите тендер за одредени лекови за количини кога никогаш не ви доставиле спецификација“, му посочи Мизрахи на Филипче.
На анкетната комисија на распит минатата недела беше и претходниот министер за здравство, Беким Сали.
Анкетната комисија беше формирана на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разреши овој монструозен случај на Онкологија.