Милан со славје во Торино обезбедија Лига на шампиони следната сезона – Јувентус засрамен пред домашната публика

Во последниот натпревар од 37. коло на италијанската Серија А односно дербито на колото, фудбалерите на Милан остварија многу важна победа, во Торино минимално со 1:0 го совладаа Јувентус.

Решавачкиот гол беше постигнат во 40. минута од францускиот напаѓач Оливие Жиру, што беше негов 12. првенствен гол оваа сезона. Рафаел Леао, првиот клупски стрелец на Милан оваа сезона во Серија А, има гол повеќе од него.

Сепак, овој гол на Оливие Жиру му обезбеди на Милан најмалку четврто место во поредокот и настап во Лигата на шампионите следната сезона. За потсетување, оваа сезона во полуфиналето на ЛШ Милан беа елиминирани од Интер во градската пресметка.

Јувентус го забележа вториот првенствен пораз во низа и остана седми на табелата.