МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ СЕ СЛЕВААТ ВО СРБИЈА, А НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ЗА ТОА !? На руската пропаганда и нема крај: Дали ова е “тајниот“ рецепт на Александар Вучиќ за победа !?
Политичарот и дипломат Владимир Кршљанин (63 г.) со децении е еден од најистакнатите поборници за блиска соработка помеѓу неговата татковина Србија и „мајка“ Русија. Тој припаѓаше на елитата на функционери на Социјалистичката партија на Србија предводена од Слободан Милошевиќ, а беше и дел од неговиот тим за одбрана пред Меѓународниот кривичен суд за човекови права во Хаг за воени злосторства.
Во својата книга – „Нов свет – Србија, Русија, Кина – иднината започна“, која беше претставена во декември во Белград, тој презентира поглед на светот кој денес ги ужива симпатиите на широки делови од населението во Србија. Во книгата можете да прочитате реченици како: „Русија, по примерот на Христос, се бори за нашето спасение и за спасението на светот“ или: „Единствените две опции се победа на Русија или уништување на човештвото“.
Во печатените и електронските медиуми во Србија, опседнати со Русија, ваквите тези се секојдневие. Моќниот мотор на оваа пропаганда се двата руски државни медиуми Спутник Србија и RT Balkan, кои имаат големи редакции во Белград и ги „бомбардираат“ соседите на Србија со вакви информации, а често жртва на оваа пропаганда е и Македонија.
Како всушност функционираат таквите дезинформации се покажа овој месец на отворањето на новиот гасовод од Бугарија, членка на ЕУ, кон Србија. Од следната година преку него ќе тече гас од Азербејџан. Сепак, од 85 милиони евра трошоци за изградбата на овој проект, ЕУ и стави на располагање 75 милиони на својата земја кандидат Србија – 50 милиони како подарок и 25 милиони како заем со ниски камати. Оваа важна информација беше само маргинално спомената во известувањето на српските медиуми. Српската државна телевизија РТС дури тврдеше дека станува збор за руски гас. На свеченото отворање, претставникот на ЕУ беше целосно скриен на фотографиите на насловните страници на весниците од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Русија прави се за да ја врзе Србија што поцврсто за себе. Затоа официјална Москва како и руските државни медиуми прават се за да го поддржат Александар Вучиќ. Пред неколку дена, на пример, насловната страница на белградскиот весник Informer.rs, кој е „мегафон“ на Александар Вучиќ, покажа како изгледа директната и масовна кампања за поддршка на најмоќниот човек на Србија (Александар Вучиќ): „Странските амбасади и американскиот инвеститор и филантроп Џорџ Сорос стои зад лажливата опозиција” – вака се демонизираат политичките противници на претседателот. Ова, како што тврди, го откри Russia Today (RT). Десничарскиот националистички магазин Печат објави голем портрет на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со цитатот – „Се грижам за Србите“ во последното издание.
Сите српски медиуми го величат братството со Русија во Првата и Втората светска војна, а не само во извештаите од последните недели. Рускиот амбасадор во Белград, Александар Бочан-Харченко е редовен гостин во српските медиуми кој тврди дека Запад се однесува на ист начин во Косово и Украина. Руските и српските медиуми го претставуваат Косово заедно како адут на Белград: Русија (и Кина) се гаранти во Советот за безбедност на ОН дека Србија може да продолжи да има претензии кон Косово, кое е речиси исклучиво населено со Албанци и кое се отцепи од Србија. Спротивно на тоа, „Запад“ сака конечно да ја оддели оваа поранешна српска покраина од Белград.
Русија и во српската изборна кампања се претставува како вистинска алтернатива на Запад.
„Западните господари на НАТО тргнуваат во тотална офанзива и и наредуваат на Србија конечно да падне на колена за да капитулира“, напиша пред неколку дена Спутник Србија.
А безброј српски портали ја репродуцираат оваа лажна вест. Руските и српските медиуми постојано ја обвинуваат Германија особено дека сака да изврши државен удар во Србија. Кога министерката за надворешни работи Аналена Баербок неодамна ги критикуваше националистичките тонови во српската изборна кампања, таа беше обвинета за „грубо мешање“ во изборите. Германските политичари „зборуваат за прекрасната иднина на ЕУ додека ја распарчува српската држава“, се наведува во медиумските извештаји во врска со Косово.
Александар Вучиќ, кој како водечки политичар на неговата Српска напредна партија (СНС) практично сам ја дизајнира изборната кампања, иако според Уставот всушност не му е дозволено да учествува во партиската политика како претседател, се заблагодарува на Русија за помошта во изборите и се заколнува на лојалност:
„Се борев да го одржам пријателството со Русија, кое го градиме со децении за да не го уништиме преку ноќ“, порача тој, осврнувајќи се на неговото упорно одбивање Србија, како кандидат за членство во ЕУ, да воведе санкции за Москва.
Од друга страна, тој им дозволува на домашните медиуми, кои тој ги контролира, постојано да шират вести дека западните земји ја финансираат опозицијата во земјата за да го соборат.
Во секој случај, руските ставови во Србија се прифатливи во целата земја. Тоа е виртуелен свет кој овде се создава и одржува преку медиумите. Во реалноста, земјата е многу поблиску до Запад отколку до Русија. Две третини од трговијата и странските инвестиции доаѓаат од Запад. И никој не би помислил да бара работа или да студира во Русија. Кога станува збор за приватната благосостојба и приватната иднина, во прашање е само Запад – по можност Австрија или Германија.