Милијардерот Џеф Безос конечно клекна на колена пред долгогодишната љубовница, поради која си го растури 25-годишниот брак: “Таа кажа – да!“

Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, се вери со неговата девојка Лорен Санчез, пишува Daily Mail. Странските медиуми многу брзо ја проширија радосната вест, но и фотографии од скапоцениот прстен.

Да потсетиме, Лорен Санчез е поранешна телевизиска водителка, а од 2019 година е во врска со милијардерот. Имено, тие беа заедно и долго пред тоа бидејќи долго време беа љубовници, а потоа протекоа нивните „пикантерии“ во јавноста.

Набрзо и двајцата се разделија од партнерите, а претходно биле сите заедно биле добри пријатели, што уште повеќе го влошило изневерувањето.

Џеф Безос беше во брак со писателката Мекензи Скот 25 години пред да ја запознае Лорен Санчез. Тие често поминуваат време на неговата луксузна јахта и уживаат на тропските острови, а заедно се посветиле и на еколошки активизам.

Џеф Безос и Лорен Санчез