Министерството за внатрешни работи на Србија се огласи за смртта на осомничениот за убиството на малата Данка
Српското МВР се огласи во врска со одредени шпекулации за смртта на осомничениот во случајот со убиството на малата Данка.
Ви објавуваме:
„Припадници на МВР, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Вишото јавно обвинителство прибираат информации и ги утврдуваат фактите и околностите под кои во Полициското одделение загина Д.Д., осомничен за убиството на малата Данка во Бор.
Во текот на наведената постапка полициските службеници постапуваат целосно согласно законот и нивните овластувања.
Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола ќе покрене соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а јавноста за тоа навремено ќе биде информирана.
Насловите кои се појавија во одредени таблоиди се тенденциозни и неточни и имаат за цел да извршат притисок врз членовите на МВР кои својата работа ја вршат професионално и согласно законот“.