Министерство за енергетика: 1000 денари месечно субвенција за сметки за струја

Министерството за енергетика, рудници и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена енергија за 2025 година, посветен на лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка на граѓаните на кои им е најпотребна.

Во огласот се предвидува дека Министерството ќе обезбеди финансиска поддршка со намалување на месечната сметка за струја за 1.000 денари месечно, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе биде обезбедена 12 месеци или додека не се исцрпат средствата предвидени во рамките на програмата.

Рокот за поднесување барања е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Заинтересираните треба да го достават пополнетиот формулар за апликација (Образец 1 или Образец 2, во зависност од категоријата) достапен во архивата на Министерството или на официјалната веб-страница: https://www.ea.gov.mk/

Со барањето мора да се достави и нотарска изјава со која се потврдува точноста на поднесената документација; фотокопија од Решението за стекнато право на посебен додаток или додаток за нега; фотокопија од најновата сметка за струја; фотокопија од лична карта на барателот; и сведочењето на членовите на домаќинството.

Во оваа мерка не се опфатени лицата кои веќе користат гарантирана минимална помош и добиваат паричен надомест за енергија согласно Законот за социјална заштита, како и стари лица кои користат финансиска поддршка согласно Законот за социјално осигурување на стари лица.

Заинтересираните повеќе информации можат да најдат на веб-страницата www.ea.gov.mk или на [email protected].