Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во одговор на прашање од граѓаните на Македонски Брод, го истакна јасниот и принципиелен став на движењето во однос на прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.
„Немаме ништо против кој било народ, вклучително и Бугарите. Не сме против нивното уставно споменување, но бараме силна гаранција дека ова ќе биде последното барање од нашите соседи на патот кон Европската Унија“, рече тој.
Тој нагласи дека протоколите што претходната влада ги потпиша со Бугарија содржат сериозни стапици што директно влијаат врз националното достоинство и историската вистина на македонскиот народ.
„Неприфатливо е за нас да го прикажуваме Гоце Делчев како Бугарин. Неприфатливо е за нас да признаеме дека македонскиот народ постои од 1945 година, а уште помалку да го нарекуваме бугарскиот фашистички окупатор администратор“, додаде генералниот секретар.
Тој потсети дека Македонија веќе направи големи отстапки на својот европски пат, со промената на името, знамето и уставните амандмани, и рече дека македонскиот народ нема да дозволи самоуништување и историски ревизионизам.