Разузнавачката служба на Турција (МИТ) со успешна операција од странство го донесе бараниот терорист на ПКК/КЏК-ПДЈ/ЈПГ, Расим Акјол.
Според информациите до кои дојде агенцијата Анадолу (АА) од безбедносни извори, терористот-бегалец Акјол планирал бегство во Eвропа од земјата во која престојувал.
Акјол претходно во отсуство е осуден на затворска казна од 15 години поради „снабдување со оружје на вооружени терористички групи“.
Акјол е баран и поради помагање на група терористи на ПКК, кои во 2018 година се приведени со 25 килограми експлозив во турската област Хатај.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе. Терористичката организација ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН