Мицкоски: Организирана група на високи претставници се сомничат за криминал

„Станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти коишто се здружиле и за коишто постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5 милиони евра.“, рече Мицкоски.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната прес конференција откри дека криминалот за којшто се сомничат приведените во денешната акција на полицијата, тежи околу 6,5 милиони евра и оти во него биле инволвирани високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти.

„Од информациите коишто јас ги имам, од МВР, БЈБ и останатите коишто работат на овој случај, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица коишто управуваат со други правни субјекти коишто се здружиле и за коишто постои основано сомнение дека направиле криминал од 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на Обвинителството и судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност“, рече Мицкоски.