Мицкоски: Постои ризик дека СДСМ ќе престане да постои по изборите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не гледа никаква конструктивност од страна на СДСМ и дека постои ризик оваа партија да продолжи да постои и по изборите.

„Гледате дека градиме, се бориме низ целиот свет, а тој (Венко Филипче) со изјава вели прифаќам, што и да ставите на маса, дозволете ми да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, ова не е конструктивност, ова е деструкција и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои сериозен ризик ако таа политичка партија продолжи да постои“, рече Мицкоски, кој учествуваше на отворањето на комплексот „Македонско село“.

Во врска со обвинувањата на опозицискиот СДСМ за селективност во истрагата за кочанската трагедија, како и најавите во врска со компанијата „Салтировски Консалтинг“, Мицкоски рече дека ја разбира стратегијата на СДСМ и обидот за добивање политички поени преку некрофилија.

Тој нагласи дека нема да коментира за истрагата, која е во рамките на Јавното обвинителство и ја води јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој, како што потсети, беше избран со огромно мнозинство од страна на СДСМ и ДУИ.