Судскиот совет остро се спротивставува на користењето на судството за дневно-политички кампањи, највисокото судско тело реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави низа изјави за работата на обвинителите и речиси секој ден зборува дека е против зголемување на платите на судиите и обвинителите.
„Судиите се автономни и независни во донесувањето одлуки и секој надворешен коментар се смета за мешање во судството. И покрај тоа што работат со ограничени човечки и финансиски ресурси, судиите се трудат да обезбедат брза и ефикасна правда.“
Секој што има сериозни индиции и докази за криминално и коруптивно однесување во судството е должен веднаш да ги пријави кај Судскиот совет и другите надлежни органи, бидејќи непријавувањето претставува сериозно кривично дело.
„Судскиот совет на Република Северна Македонија, како независен и самоуправен орган на судската власт, во иднина нема да коментира никакви политички изјави и секогаш ќе реагира во насока на заштита на законитоста и независноста на судството“, се вели во соопштението.