Мицкоски: Состојбата во пензискиот фонд е стабилна

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по седницата на Економскиот совет зборуваше за минималната плата. Минималната плата се бара да биде 450 евра.

„На седницата на економскиот совет има претставници од работодавачите и од работниците. Некои партии имаат едно барање, други друго, а ние сме нешто измеѓу. Затоа како Влада нема да интервенираме, ќе оставиме да се договорат и ќе прифатиме“, рече Мицкоски.

Премиерот зборуваше и за пензискиот фонд. Тој рече дека е стабилно и дека проблем е вториот пензиски столб.

„Дупката во пензискиот фонд ќе постои додека не почне сервисирањето на вториот пензиски фонд и тоа беше очекувано. Очекувам после 6-7 години да се израмни и да биде поинаку од порано.

Генерално, состојбата со пензискиот фонд е стабилна и ќе продолжи сè додека не започне сервисирањето на вториот пензиски столб“, рече Мицкоски.