МЛАДА ИНФЛУЕНСЕРКА ПОЧИНА ОД МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ: Имала само 23 години, со денови била на ИНТЕЗИВНА НЕГА

Инфлуенсерката Јуриби Гомез почина на 23-годишна возраст, од мистериозна болест.

Блогерката во изминатите денови била на одделот за интензивна нега, а нејзините роднини барале крводарување за да ја спасат, но никој не дознал од што боледува Јуриби.

Како што пишува The Sun, таа последните моменти ги поминала во болница во Гватемала од каде што потекнува, но причината за смртта се уште не е позната.

Гомез на популарната социјална мрежа Инстаграм ја следеа околу 100.000 луѓе каде сподели модни совети и идеи.

Нејзината роднина Кимберли Флорес се прости од младата инфлуенсер.

– Не можам да поднесам толкава болка – напишала под фотографијата со покојната Јуриби.

Со кратка порака од Гомез се прости и нејзиниот партнер.

– Се гледаме наскоро, љубов моја. Секогаш ќе те сакам – рече тој.