Молдавија доби нова, прозападна влада

Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот.

За избор на новата влада гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место.

Речеан, 48-годишен економист кој една година беше советник за одбрана и безбедност на молдавската претседателка Маја Санду, беше назначен за премиер минатата недела, откако премиерката Наталија Гаврилица ненадејно поднесе оставка.

Откако членовите на владата положија заклетва пред претседателката Санду, таа им рече дека мора да ја водат Молдавија низ „многу тежок период, обележан со повеќе кризи“ и го истакна членството во Европската унија како единствен начин земјата да „зачувување и зајакнување“ на демократскиот поредок.

Речеан изјави дека зајакнувањето на безбедносниот сектор на Молдавија е еден од приоритетите, заедно со европската интеграција, наведувајќи дека е неопходно „драстично да се спротивстави на активностите на оние кои сакаат да внесат војна во земјата“.

Санду во понеделникот рече дека Москва планира државен удар во Молдавија со помош на диверзанти од Русија, Белорусија, Србија и Црна Гора, со цел да ја одврати земјата од европскиот пат.