Молк од Софија за заедничката резолуција

Софија молчи за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со кој се зацементираат посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Оваа резолуција се очекува да го откочи евроинтегративниот пат на земјава, вели заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Македонија ќе чека на Софија по летните одмори да се изјасни дали ја прифаќа иницијативата за заедничка резолуција. Засега нема потреба да се расправа во Собранието за резолуцијата како што побара лидерот на опозициската СДСМ, вели заменик-министерката за европски прашања.

Трајков за последните обвинувања од Бугарија за наводен говор на омраза од страна на македонските политичари, смета дека во 21 век треба да комуницираме како соседи и да соработуваме за евроинтеграцијата оти тоа е во интерес не само на Македонија, туку и на Бугарија и ЕУ.

За иницијативата за заедничка резолуција со Бугарија како можно решение за откочување евроинтеграцијата, запознаени се и европските претставници, коишто сакаат да видат забрзување на пристапниот процес на Македонија.