Момче (4) почина од грип во Романија: Два дена киваше, па почина во рацете на лекарите

Четиригодишно момче, кое боледувало од грип, починало во рацете на лекарите во болницата во Онешти.

Малиот во болница го донела мајка откако на детето ненадејно му се слошило. Според неа, му се слошило пред два дена и само кивало, а потоа наеднаш состојбата му се влошила. Набргу по пристигнувањето во болница, срцето на момчето застанало.

И покрај напорите на лекарите, ништо не можело да се стори за момчето. Починало во рацете на лекарите.

Според болницата, брзиот тест покажал дека боледува од грип.

„Направивме брз тест, беше позитивен на инфлуенца А. Во овој момент не може да се зборува за дијагнозата, тоа ќе го утврди обдукцијата. Сите резултати ќе бидат испратени во Букурешт“, изјави Ана Марија Бранческу, главен педијатар во болницата во Онести.

Не е познато дали детето имало други коморбидитети.

Да потсетиме, пред неколку дена во областа Прахова почина девојче (4), кое исто така боледуваше од грип.

Мајката го донела детето на инфективната клиника со температура од 41степен и грчеви .

Како што рече, девојчето со денови имало температура, а лекарите поради тешката состојба решиле итно да ја пренесат на детската клиника.

Веднаш по приемот, срцето на девојчето застанало, а и покрај напорите на лекарите, набрзо била констатирана смрт.