Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот на вниманието поради својата безвременска убавина. Убавината, како апстрактен поим што се манифестира на различни начини, беше епицентар во животот на Белучи. Уште од млада возраст ја опишувале како „олицетворение на убавината“, но за неа вистинската убавина ја надминува човечката анатомија.
-Никогаш не ја земав мојата убавина здраво за готово, таа е дар на животот. Да се биде убава на 25 години е природно, но да се биде убав на 35 и 45, тоа е уметност – позната е нејзината изјава.
Моника повторно предизвика лавина коментари објавувајќи фотографија на која седи во високи потпетици и раскопчана бела кошула под која има само црно боди. Исто така, крена прашина и со објавувањето фотографии за францускиот магазин „Madame Figaro“.
Белучи со децении важи за една од најубавите жени во светот. Славната Италијанка ситно брои до 30. септември, кога ќе наполни 60 години и ќе влезе во седмата деценија. Таа по повод роденденот говореше и во најновото интервју во кое се осврна на љубовната врска со познатиот Тим Бартон (66).
Многумина беа изненадени од врската на најубавата жена на светот и грдиот американски режисер, но токму тој ја вратил насмевката на лицето на Моника, додека работеле заедно на најновиот проект. Имено, Моника глуми во продолжението на најновиот филм на Тим Бартон „Beetlejuice Beetlejuice“.
– Зрелата врска не значи дека станувате поодговорни, напротив, тоа значи да пронајдете личност која сè уште ви дозволува да бидете полетни. Не сакам премногу да рационализирам, инаку магијата се губи. Да ја објаснувате љубовта е како наутро да си ги запишувате соништата, а штом ги ставите на хартија, тие исчезнуваат – изјави Моника.