МОНСТРУМОТ ШТО ГО БАРА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Ова е Љупчо Палевски – Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска

Како главен организатор, но и извршител на убиството на Вања Ѓорчевска и фризерот Панче Жежовски (74 г.) од Велес, кои според инфромациите не биле меѓусебно поврзани на никаков начин освен во плановите на бескрупулозните криминални заговорници кои ги здружил мотив за личен интерес, односно изнуда на мајката на 14-годишната девојка, македонската полиција го идентификуваше – Љупчо Палевски, познат и како Палчо.

Во случајот се осомничени пет лица, од кои тројца се во притвор, таткото на девојчето исто така е приведен, а Љупчо Палевски моментално е во бегство. Првично се појави информација дека тој побегнал во Турција, но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој Љупчо Палевски го нарече монструм, откри дека по убиствата, на 30. ноември прво отишол во Белград со автомобил во придружба на неговиот адвокат, а потоа во Бугарија.

Љупчо Палевски

Вања Ѓорчевска исчезна на 27. ноември (понеделник), пред нејзината зграда во која живее, на пат кон училиште, а била монструозно убиена неколку часа по киднапирањето. Се претпоставува дека токму Палчо пукал и ја убил малолетничката во Скопје на 27. ноември околу 10 часот, плашејќи се од доказите што може да ги најде полицијата. Нејзиното тело беше пронајдено во близина на Скопје, главниот град на Македонија, додека Панче Жежовски е убиен во Велес и каде му бил земен и автомобилот „Citroen“.

Поради нерасчистени односи со еден од осомничените, возилото му е одземено, а потоа опожарено. Малолетничката била грабната со тоа возило откако излегла од здрадата“, откри Оливер Спасовски.

Киднаперите наводно од Љупчо Палевски дознале дека девојчето сама оди на училиште, а тој од таткото на девојчето за кого полицијата се сомнева дека е вмешан во делото од личен интерес. Сега истражителите се фокусирани на тоа дали таткото намерно му ги пренел овие информации на Палчо или случајно го кажал тоа. Она што досега е утврдено, како што дознаваме од извори блиски до истрагата, се воспоставените врски меѓу таткото и киднаперите и Љупчо Палевски.

Министерството за внатрешни работи во координација и под раководство на државното обвинителство синоќа го расветли случајот, обезбедени се докази. Исходот не беше онаков каков што сите сакавме, но за жал беа убиени две лица, малолетно лице и постар човек – едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. Мотивот е личен интерес, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело со цел да изнуди пари од мајката. Сите инволвирани сакаа да извлечат материјална корист“, откри министерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Алармот за исчезнувањето на малото девојче Вања Ѓорчевска го вклучи одделенскиот раководител кој ја известил мајката на девојчето дека таа не се појавила на училиште.

Таа веднаш ги алармирала сите надлежни служби, велејќи дека Вања Ѓорчевска расположена го напуштила домот и дека не се жалела на проблеми. Потрагата се прошири во целиот регион, дури и Интерпол распиша потерница.

слика
Велибор Манев, Љупчо Палевски, Влатко Кешишев

Нејзиното тело е пронајдено во близина на селото Брезда, на периферијата на главниот град на Македонија. Девојчето било убиено, како што соопшти денеска полицијата, околу 10 часот, а од домот излегло во 7 часот и 25 минути.

На останатите тројца осомничени Велибор МаневВлатко Кешишов и Боро Видевски им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.