Морничава трагедија во познат ски – ресорт на Алпите! Британка (62) загина на црна патека, удрила во сонародник (35)! Немаше начин да се спаси! (ВИДЕО)

Британка (62) загина при судир со Британец (35) на скијање во Франција. Тоа се случи во Ле Арк на скијачка патека во југоисточна Франција. Станува збор за многу опасна црна патека, наведува француската новинска агенција „Le dafin libere“.

Брзата помош и скијачите не успеале да ја реанимираат и спасат, па им подлегнала на повредите.

35-годишен маж, за кој исто така се вели дека е британски државјанин, стоел на патеката во моментот на инцидентот и се здобил со скршеница на ногата. Според извештаите, тој бил пренесен во локална болница. И двајцата носеле шлемови.

Инцидентот се случил во одморалиштето Ле Арк во Савој, според извештаите. Британка скијала на црната патека на планината Агил Руж кога удрила маж.

Истрагата за утврдување на точните околности на инцидентот е во тек, изјави локалниот обвинител Бенои Башеле за новинската агенција АФП.

Црните падини се многу тешки за скијање и се наменети за искусни скијачи и сноубордери.

Според здружението кое ги претставува операторите на скијачките области во Франција, секоја година има околу 10 смртни случаи на француските патеки.

– Го поддржуваме семејството на Британката која почина во Франција и сме во контакт со локалните власти – изјави портпаролот на британскиот МСП.