Морничави видеа од аеродромот во Мјанмар за време на разорниот земјотрес! По пистата трчаат патниците и персоналот: Авионите се лулаат, зградите се уриваат! (ФОТО/ВИДЕО)

Патниците на аеродромот Мандалај во Мјанмар паднаа на земја за да се заштитат од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што погоди област во близина на градот, покажуваат видеата на социјалните мрежи.

Видеата објавени на интернет покажуваат дека десетици патници во паника се евакуираат додека сирените одекнуваа низ аеродромот додека траеше земјотресот.

На снимката се гледа персоналот на аеродромот и патниците во зградата на аеродромот како трчаат во сите правци додека зградата се урива. Се нишаат и авионите на пистата.

Слика од екранот_1.jpg

Досега Мјанмар и Тајланд, како и околните земји Индокина и Кина се погодени од два разорни земјотреси. Американскиот геолошки институт соопшти дека се верува дека загинале илјадници луѓе. 

Голем број од нив се затрупани под урнатините.

Вонредна состојба е прогласена и во Мјанмар и во Тајланд, а градот Бангкок прогласи состојба на природна катастрофа во своето подрачје.

Насекаде се нишаа згради, а од нив како водопад паѓаше вода од базените. Висококатниците се уриваа една по друга.