МОСКВА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ – Судиите на МКС ќе одговараат пред Истражниот комитет на Русија !? Москва испрати порака до Хаг за ‘апсењето’ на Владимир Путин
Истражниот комитет на Русија наскоро ќе ги стави под лупа и на листа судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои издадоа налог за апсење на Владимир Путин – ова го соопшти првиот човек на комитетот Александар Бастрикин, објавија руските државни медиуми.
„Истражниот комитет тогаш многу брзо отвори кривична постапка против претседателот и тројца судии на МКС, кои активно влијаеја на донесувањето на оваа одлука. Наскоро ќе ги ставиме на листата на барани лица“, изјавил тој за време на меѓународниот правен форум во Санкт Петербург, Русија.
На 17. март, предистражниот совет на МКС, чија јурисдикција Русија не ја признава, издаде налог за „апсење“ на претседателот на државата Владимир Путин и Марија Лвова-Белова.
Судот ја товари руската страна, меѓу другото, и за наводно „депортирање“ на деца од Украина во Русија.
Неколку дена подоцна, Русија отвори кривична постапка против судиите на Меѓународниот кривичен суд Томоко Акане, Росарио Салваторе Ајтала, Серхио Херардо Угалде Годинез и обвинителот Карим Ахмад Кан.
Првите тројца се обвинети за намерно незаконско лишување од слобода и подготвување напад на претставник на странска држава, а обвинителот за кривична одговорност на свесно невино лице во комбинација со противправно обвинение.
Москва не ја признава јурисдикцијата на МКС, а заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пак, истакна дека издавањето налог за „апсење“ на Владимир Путин создава огромен негативен потенцијал и може да има последици во форма на одговорот на Русија.