МОСКВА И КИЕВ ВОДАТ ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ !? Генералите ги “цртаат“ новите граници на државата – Украина ќе влезе во НАТО ?
Русија и Украина водат тајни мировни преговори преку највисоките воени функционери Валери Герасимов и Валери Залужни, тврди американскиот новинар Сајмон Херш, повикувајќи се на анонимни американски претставници.
Добитникот на Пулицеровата награда во написот објавен на платформата „Сабстак“ напиша дека Валери Герасимов и Валери Залужни наводно преговарале за фиксирање на границите долж сегашната линија на фронтот, што подразбира задржување на Крим и окупираните територии на Доњецк и Луганск, како и регионите Херсон и Запорожје.
„Сериозните мировни преговори меѓу Русија и Украина одеднаш се забрзани, но нивната главна движечка сила не се ниту Вашингтон, ниту Москва, ниту Џо Бајден ниту Владимир Путин, туку двајца високи генерали, началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов и командантот – началникот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни“, наведува Сајмон Херш.
Според овие изјави, Украина ќе може да влезе во НАТО, но со обврска алијансата да не стационира војници или офанзивно оружје на територијата што ја контролира Киев.
Сајмон Херш наведува дека Белата куќа е целосно против предложениот договор.
„Американски функционер вели дека Володимир Зеленски бил свесен дека не тој, туку Армијата ќе го реши овој проблем, а преговорите ќе продолжат со или без него“, напиша Сајмон Херш.