„Мој ДДВ“: Се зголемува прагот од 1.800 на 2.100 денари

Собранието на РСМ денеска ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за враќање на дел од ДДВ за физички лица.

Со оваа промена прагот за враќање на дел од ДДВ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари за четвртина.

Корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе ги добијат првите износи додадени на уплатите во месец мај за фискални сметки скенирани во периодот јануари – март 2023 година.