МОЌЕН РУСКИ БОМБАРДЕР ПАДНА ВО ЗАСЕДА – Украина успешно ја собори “руската гордост“ кај Змискиот остров !?

Украинската воздушна одбрана наводно соборила руски тактички бомбардер Su-24М над Црното Море.

Генералштабот на украинската Армија го потврди соборувањето на бомбашот, што наводно се случило минатата среда, но не откри детали за вооружениот систем користен во пукањето, ниту детали од конфликтот.

Украинските медиуми, пак, повикувајќи се на одредени воени блогери, јавуваат дека рускиот авион бил погоден со проектили од американскиот одбранбен систем Patriot во „воздушна заседа“ во близина на Змискиот остров, кој се наоѓа на околу 40 километри од Одеса.

Руските воени блогери го потврдија губењето на Su-24. Некои објавија дека спасувачки хеликоптер Mi-8 долетал од регионот на Крим и барал преживеани членови на екипажот, но безуспешно. Во зима, температурите на водата во Црното Море се малку над нулата и се сметаат за смртоносни за незаштитен пливач за половина час или помалку.

Според официјалните податоци, вооружените сили на Украина имаат само три целосно модерни против-воздушни системи со долг дострел – еден систем Patriot дониран од САД, друг систем Patriot дониран од Германија и италијанско-францускиот систем SAMP/T испратен од Париз.

Вистинските локации на позициите на Украина за воздушна одбрана се воена тајна.

Воените блогери тврдат дека по соборувањето на рускиот авион, батеријата Patriot ја евакуирала својата позиција за гаѓање во областа Одеса и се преселила на нова локација за криење.

Ретки се тврдењата на Киев за соборување на Su-24. Украинската Армија тврди дека од почетокот на годината соборила четири бомбардери.