МОЌНИТЕ АМЕРИКАНСКИ ТЕНКОВИ ПРИСТИГНАА ВО УКРАИНА – Володимир Зеленски се пофали: “Важно засилување за контраофанзивата“
Првата рунда американски тенкови Abrams е испорачана во Украина, соопшти претседателот Володимир Зеленски.
„Abrams е веќе во Украина и е подготвен да ги зајакне нашите бригади“, напиша тој на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, без да го прецизира бројот на примени тенкови.
Претходно весникот New York Times објави за испораката на овие тенкови, повикувајќи се на двајца претставници на Пентагон.
Според нив, тенковите биле испорачани месеци пред предвиденото и може да се користат во украинската контраофанзива.
Останатите тенкови, ветени од администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, ќе пристигнат во Украина во наредните месеци, потврдиле соговорниците на американскиот весник.
Сепак, официјалните лица не кажаа колку тенкови веќе се префрлени во Киев.
New York Times забележува дека Киев побарал најмалку 300 западни тенкови за контраофанзива, но досега добил околу половина.
М1 Abrams е третата генерација американски главен борбен тенк. Тој е еден од најтешките тенкови во употреба со тежина од речиси 68 тони.
Извозната верзија ја користат армиите на Египет, Кувајт, Саудиска Арабија, Австралија, Полска и Ирак.