Мудри зборови од Габриел Гарсија Маркез кои ве исполнуваат со надеж

Кога Габриел Гарсија Маркез почнал да работи на својот роман „100 години самотија“, морал да ја напушти работата. Го продал автомобилот и завршил со огромни долгови

Дошол до момент кога морал да го продаде омилениот миксер на сопругата, заедно со фен, само за да направи неколку парички.

Откако неговата сопруга сфатила што направил, му рекла: „Не дозволувај овој роман да биде лош“.

Телеграф подолу ви пренесува некои од најдлабоките и најмудрите изреки на овој човек, кој не само што бил многу талентиран писател, туку и личност која – како и повеќето од нас – паднала во тешки времиња, пренесува Телеграф.

Ако поради некоја причина се чувствувате емоционално слаби, прочитајте ги овие изреки:

– „Мора да се обидеме да го слушаме гласот на детето што се уште е во нас. Ако го слушаме тоа дете, повторно нешто ќе почне да ни гори зад очите. Ако го изгубиме контактот со тоа дете, нашиот допир со животот ќе заврши“.

– „Човек не треба да умре кога треба, туку кога може“.

– „Срцето ги елиминира лошите спомени и ги зголемува добрите. Благодарение на овој трик успеваме да се соочиме со пречките од минатото“.

– „Проблемот со бракот е што завршува секоја вечер откако водиме љубов, а мораме да го обновуваме секое утро пред појадокот“.

– “Смири се. Бог те чека на вратата!“

– „Не носам капа затоа што не сакам да ја соблечам пред никого“.

– „Секогаш останува нешто да се сака“.

– „Подобро е да се оди во погрешно време отколку да се чека покана.

„Ако ја сретнете вистинската љубов, тој/таа нема да може никаде да се сокрие од вас – ниту за една недела, ниту за еден месец, ниту за една година“.

– „Никогаш не престанувајте да се смеете, дури и кога сте вознемирени, бидејќи никогаш нема да знаете кој би можел да се заљуби во таа насмевка“.