– Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија. Поделени се и над 7.500 информативни материјали.
Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки на кампањата вакцинирани во нивните домови се и 2.630 граѓани над 65-годишна возраст со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да дојдат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина против Ковид-19.
– Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата, додаваат од МЗ.